Западна Германија зафатена од силно снежно невреме

0
215
views
Германија снег
loading...

Проблеми во патниот и воздушниот сообраќај денеска предизвикаа обилни врнежи од снег во западните делови на Германија. Поради снегот времено бил запрен целиот сообраќај на аеродромот во Диселдорф.

На аеродромот во Франкфурт функционира само една писта, поради што откажани се голем број летови или се изведуваат со здоцнување,а претставник на аеродромот ситуацијата ја опиша како драматична.

Откажани се летови и од аеродромот Келн-Бон, но тој засега не е затворен и кон него се пренасочуваат авионите што требаше да слетаат во Дизелдорф.

Снегот почна да паѓа во петокот попладне, но денеска врнежите се интензивираат.

Пореади снежните врнежи сообраќајот се одвива отежнато по повеќето патни правци во западните делови на Германија, а остатоците од снег и мразот на патиштата беа причина за поголем број сообраќајни несреќи, при кои се повредени неколку лица.

Loading...