Заев: македонските возачки дозволи ќе бидат признаени во Германија

0
680
views
loading...

Македонскиот премиер вели дека поради техничка пречка неделава не бил потпишан договорот за признавање на возачките дозволи со Германија, но очекува тоа наскоро да се случи.

Процедурата околу признавањето на македонските возачки дозволи во Германија се одолжува, но набрзо ќе биде завршена, изјави за ДВ, македонскиот премиер Зоран Заев.

Како што признава и македонскиот премиер, планот бил договорот да биде завршен и објавен во пресрет на неговата посета на Германија и средбата со канцеларката Ангела Меркел, но технички проблем ги одолжил работите.

„Целта ни беше да го објавиме постигнувањето на договор за меѓусебно признавање на возачките дозволи за време на посетата на Берлин, но се јавија технички проблеми. Граѓаните треба да знаат дека не се работи за суштински проблеми и треба да очекуваат многу брзо решение на овој проблем“, вели Заев за ДВ.

Нашата редакција во петокот објави вест дека договорот е начелно постигнат, и дека остануваат уште некои технички детаљи кои треба да се синхронизираат пред неговото потпишување.

Интересот кај македонската дијаспора во Германија за признавање на возачките дозволи е огромен, за што сведочат и стотиците пораки и прашања кои деновиве ги добивме на нашата електронска адреса и на социјалните мрежи.

ИЗВОР: ДВ на македонски

ПОВРЗАНО: Македонските дозволи понатаму не признаени во Германија

DEUTSCH

loading...

 

Loading...