Зошто драстично поскапеа авионските карти во Германија?

0
40
views
Frankfurter Flughafen
loading...

Германскиот портал MyDealz.de направи анализа на цените на авионските карти на 25 кратки и средни летови во октомври и ноември и дојде до шокантно сознание: поскапи се и до четири пати повеќе.

Пред две недели пропадна германската авиокомпанија „Ер Берлин“, а статистиката покажува дека оттогаш цените за домашните летови во Германија се зголемиле за просечно 32,5 отсто.

По распадот на „Ер Берлин“, побарувачката за авиобилети ја надмина понудата на многу летови, па така цените се зголемија. Директорот на „Луфтханза“, Карстен Спор, проценува дека во моментот недостигаат околу 60.000 места на домашни летови во Германија.

Најекстремниот случај што го откри германскиот портал е оној за повратен билет помеѓу Минхен и Диселдорф, кој е поскап за четири пати по пропаѓањето на германската авиокомпанија. Патувањето за време на викендите може да биде трипати поскапо.

Loading...