Воз на водород во Германија

0
7
views
loading...

Патниците во Германија за четири години ќе можат да патуваат со возови на погон на водород.

Француската компанија Алстом објави дека потпишала договор за испорака на 14 такви возови до железничката компанија ЛНВГ, со седиште во германската сојузна држава Долна Саксонија.

Овие возови ќе почнат да сообраќаат помеѓу неколку градови во северна Германија од декември 2021 година.

Алстом изјави дека возовите Корадија илинт ќе можат да сообраќаат до 1.000 километри со максимална брзина од 140 километри на час

Водородните мотори ослободуваат само водена пареа и се сметаат за превозни средства што најмалку ја загадуваат животната средина.Планот е водородот да се произведува со користење на електричната енергија од бројните ветерници во Долна Саксонија.

Loading...