Членови на навивачката група Ултрас Гелзенкирхен пристигнаа во Скопје каде ќе бидат дел од роденденската фешта на „Комити“, кои викендов го слават својот 30. роденден.
Навивачите на „црвено-црните“ прво ќе бидат на трибината на ракометниот натпревар меѓу европскиот првак Вардар и Рајн Некар Левен, а ден подоцна, најавено е шоу на фудбалското „вечно дерби“ меѓу Вардар и Пелистер кое се игра во ноќен термин, од 18.00 часот.
Германците најавија присуство на роденденската фешта, а прв ги пречека Саша Ќириќ, македонската фудбалска легенда, а сегашен функционер во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).
„Пристигнаа навивачите на Шалке за роденденската фешта на „Комити“. Добредојдовте, момци!“, соопшти Ќириќ и објави фотографија со навивачите.
Братството на „Комити“ и „Ултрас Гелзенкирхен“ датира од 2004 година, кога македонскиот и германскиот тим се сретанаа во рамки на тогашниот Интертото Куп.