Уапсен Сириец поради сомневање за напад во Германија

0
10
views
loading...

Во Шверин е уапсен 19-годишен Сириец кој имал намера да убие што е можно поголем број луѓе, соопшти Сојузното обвинителство.


Сојузното обвинителство во Карлсруе соопшти дека во акцијата на апсење биле вклучени специјални полициски сили и припадници на Германската криминалистичка служба. Покрај апсењето на 19-годишниот Сириец, извршен е и претрес на становите на осомничениот, како и на други, досега неосомничени, лица.

Според досегашната истрага, уапсениот се товари за намера да изврши исламистички мотивиран напад со експлозив во Германија. Тој веќе бил во фаза на подготовки за нападот. Сириецот најверојатно подолго време бил во визирот на властите. Уште во јули годинава донесол одлука да изврши напад со експлозив, со цел да убие и повреди што е можно поголем број лица. Од јули почнал со набавка на делови за бомба и хемикалии.

Дали осомничениот веќе имал одбрано цел за напад сѐ уште не е јасно. Засега нема знаци за поврзаност на Сириецот со терористичка организација, се вели во Обвинителството.

Во Германија досега имаше повеќе апсења на осомничени лица кои планирале напади од исламистички мотиви. Последно во средата минатата недела во Берлин беше уапсен 40-годишник, кој според истрагата припаѓа на исламистичката сцена. Во јули 2016 година во баварски Ансбах во воздух се крена 27-годишен сириски бегалец, при што повредени беа 15 лица.

ИЗВОР: DW


Превод:

Syrer soll Anschlag in Deutschland geplant haben

In Schwerin haben Spezialkräfte einen 19-Jährigen festgenommen. Damit sei „ein schwerer Terroranschlag in Deutschland“ verhindert worden, sagt Innenminister de Maizière.

Wegen mutmaßlicher Anschlagspläne ist in Schwerin ein 19-jähriger Syrer festgenommen worden. Yamen A. sei dringend verdächtig, einen „islamistisch motivierten Anschlag mit hochexplosivem Sprengstoff in Deutschland geplant und bereits konkret vorbereitet zu haben“, teilte die Bundesanwaltschaft mit. Anhaltspunkte für eine Mitgliedschaft in einer terroristischen Vereinigung gebe es aber bislang nicht.

Der junge Mann war offenbar schon länger im Visier der Behörden. Bereits im Juli 2017 habe er den Entschluss gefasst, in Deutschland einen Sprengsatz zu zünden, um eine möglichst große Anzahl von Personen zu töten und zu verletzen. Seitdem habe er mit der Beschaffung von Bauteilen und Chemikalien begonnen, die für die Herstellung eines Sprengsatzes benötigt werden.

loading...

Yamen A. wollte demnach offenbar den hochexplosiven Sprengstoff TATP herstellen. Entsprechende Chemikalien sind nach Angaben der Bundesanwaltschaft bei der Durchsuchung der Wohnung des Syrers gefunden worden. Demnach wollte der 19-Jährige das TATP als „Initialsprengstoff“ verwenden. Nach Einschätzung von Experten erlauben die bisherigen Erkenntnisse Rückschlüsse auf einen Sprengsatz mit hoher Wirkladung.

Loading...

ДИСКУСИЈА

Please enter your comment!
Please enter your name here