Точно пред 6 години: Македонија ја имаше Германија во Ниш, но загуби со еден гол

0
116
views
Deutschland Mazedonien Handball EM2012
loading...

Репрезентијата на Македонија во која има неколку ракометари коишто се во длабока ракометна зрелост својот поход го почна во 2009 година во Хрватска, а против денешниот ривал има одиграно три натпревари на големите натпреварувања.

Оттогаш овие две селекции одиграа три меча на кои Германците дојдоа до победи. На два од тие дуели славеа со по десет гола разлика, додека еден меч заврши само со гол негатива. Првиот меч беше во Вараждин во 2009, вториот во Ниш во Србија, а третиот во Шпанија во Барселона.

Денешниот меч ќе биде четврти за репрезентацијата на Македонија предводена од Лазаров, Ристовски, Миркуловски… но првпат со Раул на клупата, па веројатно е време конечно работите да се изменат и Македонија првпат да се радува.

ЕП 2012, ПРВА РУНДА (17 јануари)

Дури осум ракометари коишто го бранеа дресот на Македонија на Европското првенство во 2012 година во Србија и играа против Германија на истиот датум, се во составот на Македонија и на ова ЕП. Седум од нив ќе се најдат на терен на дуелот против Германија и денеска така што Раул Гонзалес има речиси пола од тимот којшто во 2012 година го освои 5. место на тоа ЕП.

Deutschland - Mazedonien EM2012

Кај Германците бројката на играчи кои настапија на тој дуел е двојно помала. Играа четворица така што денеска на терен ќе има вкупно 11 ракометари од тој натпревар на 17 јануари во 2012 година на кој Германците победија со 24:23.

Во таборот на Македонија на мечот во 2012 година беа Ристовски, Кире Лазаров, Миркуловски, Јоноски, Велко Маркоски, Манасков, Стоилов и Филип Лазаров, кој поради повреда отпадна за денешниот меч против Германците.

На тој дуел во таборот на Германија беа Хајнефетер, Генсхајмер, Винцек и Грецки.

Од овие ракометари кои и денеска ќе настапат на главниот меч во групата Ц, Лазаров беше најефикасен со седум гола. Стоилов постигна шест погодоци на тој дуел, а меѓу стрелците во Македонија беа и Манасков со два и Миркуловски со еден гол.

loading...

Deutschland Mazedonien EM2012

Кај Германците, Генсхајмер имаше три гола, Винцек постигна два гола, а Грецки еден. Во тимот на тој дуел беше и спортскиот директор на националниот тим на Германија, Оливер Рогиш кој поради три исклучувања заработи црвен картон.

СП 2013, ОСМИНАФИНАЛЕ (20 јануари)

На Мундијалот пред пред пет години во Шпанија, Македонија и Германија се соочија во осминафиналето. Германците победија со 28:23, а на тој меч во тимот на Македонија имаше дури 11 играчи кои и сега се во составот, а десет од нив ќе настапат денеска.

Deutschland - Mazedonien WM2013 Spanien

Во тој тим на Македонија беа Митревски (2 одбрани), Ристовски (11 одбрани), Манасков 3, Стоилов, Кире Лазаров 8, Јоноски, Миркуловски 1, Велко Маркоски, Никола Маркоски 1, Георгиевски 2 и Филип Лазаров 3.

Кај Германците на тој дуел настапија Хајнефетер (11 одбрани), Винцек 4, Грецки 1, Вајнхолд 3 и Фет.

СП 2009, ПРВА ФАЗА (21 јануари)

Пред осум години во Вараждин, Македонија претрпе тежок пораз. Загуби со 23:33 од Германија, но потоа следуваа уште неколку добри партии од Македонија.

Во тој тим на Македонија има дел од играчите кои и сега играат. Тогаш настапија: Ристовски (3 одбрани), Кире Лазаров 9, Миркуловски, Велко Маркоски и Филип Лазаров 1.

Кај Германците нема ниту еден ракометар кој играл тогаш и кој е и сега во тимот.

Меѓусебни дуели:
СП 1999 (Египет) Македонија – Германија 25:36
СП 2009 (Хрватска) Македонија – Германија 23:33
ЕП 2012 (Србија) Македонија – Германија 23:24
СП 2013 (Шпанија) Македонија – Германија 23:28.

Loading...