Студија на германската војска: Можен е распад на ЕУ

0
3
views
loading...

Европската унија и западниот поредок би можеле да се урнат до 2040 година, се наведува во интерна студија на германската војска, во која имал увид весникот „Шпигл“.

Германската војска проценува дека распаѓањето на ЕУ и западниот поредок е можна опција во следните неколку децении. Во документ од 102 страници, насловен како „Стратешка перспектива 2040“, кој кон крајот на февруари оваа година го усвоил Министерството за одбрана и оттогаш се чува во тајност, Бундесверот првпат во историјата разгледува како општествените трендови и меѓународни конфликти би можеле да влијаат врз безбедносната политика на Германија во следните децении, пишува „Шпигл“.

Студијата обработува шест можни сценарија од кои најлошиот е под име „ЕУ во распаѓање, а Германија во реактивен од“ и предвидува можност за „поголеми конфронтации“.

Според оваа проекција, меѓународниот поредок се урива по „децении нестабилност“, вредносните системи го губат своето влијание, а глобализацијата е запрена, пренесува германскиот весник.

loading...

Како што се наведува, „проширувањето на ЕУ во голема мерка е заборавено“ како идеја, а Унијата ја напуштаат уште некои земји.

– Европа ја губи својата глобална конкурентност, констатирале во студијата експерти на Бундесверот, образложувајќи ја таа варијанта. Тие сметаат дека „се повеќе несредениот, делумно хаотичниот и конфликтен свет предизвикал драматични измени во безбедносно-политичкото опкружување на Германија и Европа“.

Според друго сценарио, насловено како „Западот против Истокот“, некои источни држави на ЕУ ги замрзнуваатевроинтеграциите, а други „се приклучуваат на источниот блок“.
Уште едно сценарио, под името „Мултиполарна конкуренција“, предвидува зајакнување на екстремизмот додека неколку партнери во ЕУ му се приближуваат на политичкиот модел на Русија.
Документот не наведува стриктно некаква прогноза, но сите сценарија, според авторите, „се можни до 2040 година“, наведува „Шпигл“.

loading...

ДИСКУСИЈА

Please enter your comment!
Please enter your name here