Студија: Бегалците во Германија ја креваат кривичната статистика

0
101
views
Германија полиција
loading...

Бројот кривични дела во Германија е зголемен во периодот меѓу 2014 и 2016 година, што се поврзува со доаѓањето на големиот бел бегалци во земјата, произлегува од проучувањето на Министерството за семејство објавено во средата.

„Во сојузната покраина Долна Саксонија бројот на кривичните дела е во пораст меѓу 2014 и 2016 година за 10,4 отсто, а во 92,1 отсто од случаите овој пораст се припишува на бегалците“, изјави шефот на истражувањето и криминолог Кристијан Фејфер.

Студијата е спроведена врз основа на полициските статистики за целата земја, а истражувањето е длабински направено на темели на податоците за сојузната покраина Долна Саксонија.

Фејфер појаснува дека оваа статистика не изненадува, бидејќи најголемиот број бегалци го сочинуваат млади мажи коишто се и во другите етнички и социјални средини одговорни за најголемиот број криминални дела. Истовремено, забележана е појавата дека кривичните дела коишто ќе ги сторат бегалците двојно почесто се пријавуваат, отколку делата коишто ќе ги изврши домашното население.

Третина од жртвите на кривичните дела коишто ги сториле бегалците се исто така бегалци, а кога станува збор за убиства во дури 90 отсто од случаите жртвите, исто така, се беглаци.

Од студијата произлегува дека бегалците прават многу помалку кривични дела доколку постои перспектива за нивно трајно останување во Германија. Исто така, на криминалот помалку му се наклонети оние млади мажи чиишто семејства се наоѓаат во Германија, особено женскиот дел од семејството.

„На однесувањето на младите мажи особено негативно влијае недостигот на жените за кои е докажано дека позитивно влијаат на помладите машки членови на семејството. Жените ги цивилизираат мажите“, тврди Фејфер во разговорот за јавниот сервис ZDF.

Оттаму, тој смета, што се чини дека е и главната цел на ова истражување, дека дозволата за спојување на семејствата би можело врз младите машки бегалци да има позитивно влијание.

На спојувањето на семејствата на бегалците, особено за оние за коишто е нејасно дали може да го остварат правото на азил или да добијат дозвола за престој на територијата на Германија, се спротиставува владејачката конзервативна Унија CDU/CSU, а таа тема би можела да биде главната пречка во претстојните преговори за составување на владата на ткн голема коалиција со социјалдемократите од SPD.

Loading...