Со 43 гола и десет победи Германија патува на Светско во Русија

0
79
views
loading...

Германија со 5:1 го совлада Азербејџан во последниот квалификациски меч за Светското првенство во Русија за 10-ти триумф во исто толку меча и за потврда на турнирот каде што ќе ја бранат титулата од Бразил. Доминацијата на Германците во овој циклус беше толку голема, што тие го срушија рекордот на Шпанија со 43 постигнати голови.

Иако светските шампиони поведоа уште во 9. минута од мечот со голот на Леон Горецка, израмнувачкиот гол на Рамил Шедаев во 34. минута донесе неизвесност во првото полувреме. Сепак, тоа беше надминато за 15 минути во второто полувреме, кога од 54-тата до 66-тата минута, Германците постигнаа три гола преку Вагнер, Ридигер и Горецка. Емре Чан во финишот на натпреварот го зголеми водството за тимот на Јоаким Лев да ги заврши квалификациите (први за светски шампиони по подолго време) со гол разлика од неверојатни 43:4.

Репрезентацијата на Северна Ирска загуби со 1:0 од Норвешка, меѓутоа го обезбедува местото во баражот за СП, благодарние на шесте победи во групата. Чешка во резултатски неважен меч со 5:0 го совлада Сан Марино

ГРУПА Ц

Германија – Азербејџан 5:1

Норвешка – Северна Ирска 1:0

Чешка – Сан Марино 5:0

КОНЕЧНА ТАБЕЛА: 1.Германија 30, 2.С.Ирска 19, 3.Чешка 15, 4.Норвешка 13, 5.Азербејџан 10, 6.Сан Марино 0.

Loading...

ДИСКУСИЈА

Please enter your comment!
Please enter your name here