Siemens гради „електричен автопат“ во Германија

0
37
views
loading...

Технолошкиот гигант Siemens ќе изгради „електричен автопат“ за хибридни камиони во Германија. Компанијата има добиено нарачка од германската покраина Хесен за изградба на копнена контактна линија за електрифициранотоварен транспорт.

Линијата ќе снабдува енергија за електричен погон на хибридни камиони. Системот ќе биде инсталиран на автопатот А5 помеѓу двата транспортни јазли Zeppelinheim / Cargo City Süd крај аеродромот во Франкфурт и Darmstadt / Weiterstadt.

Тоа ќе биде првиот тест за eHighway во Германија. Siemens ќе одговара за планирањето, изградбата и одржувањето на системот.

Системот се гради како дел од заедничкиот проект на ELISA, на германското федерално Министерство за екологија и заштита на природата (BMUB).

Loading...