Ривалите на Македонија во лоша серија: Германија загуби на првата контрола

0
18
views
loading...

И третиот противник на Македонија на Европското првенство во Хрватска, Германија одигра контролен меч, но и овој ривал не успеа да победи. После ремито на Словенија и поразот на Црна Гора и Германците загубија и тоа на двобој против Шпанија со 24:26.

Ова беше интересен и израмнет натпревар во кој и двете селекции имаа свои моменти. Сепак, победникот се решаваше во финишот. Последен пат беше нерешено при 18:18 во 49 минута по што Шпанците поведоа со 21:18, а тоа беше најмногу вина на Алекс Душебаев.

До крајот на мечот само се чуваше предноста така што Шпанците на крајот се израдуваа на победа. Германија ќе има шанса за поправен утре,а вториот дуел се игра од 14:30 часот.

Loading...