Работа за 570 македонци во Германија преку Министерство за труд и социјална политика

0
79
views
Deutschland Flagge
loading...

Министерството за труд и социјална политика објави јавен оглас за прибирање на барања од заинтересирани правни лица за учество при распределбата на правото за упатување на работници за изведување на проектни договори во СР Германија, за периодот од 1. октомври 2017 година до 30. септември 2018 година.

Според огласот се бараат 110 работници за изолациони проектни договори, 150 работнициза монтажерски проектни договори и 310 работници за градежни проектни договори.

Давател на правото е Комисија за деташман во Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија.

Од Министерството за труд и социјална политика објаснуваат дека во распределбата на правото на определената квота на работници за изведување на градежни, монтажни и изолациски работи преку проектни договори, може да учествува трговско друштво кое е кадровски и технички е опремено за самостојно изведување на конкретни проектни договори во странство и кое ги исполнува другите услови утврдени со овој закон, има регистрирано дејност во областа на градежништвото, има најмалку десет вработени на неопределено работно време, шест месеци пред пријавување на јавен повик, има позитивен бонитет во работењето во претходната година, ги има измирено сите даноци, придонеси и други јавни давачки, против кое не е отворена стечајна постапка, против кое не е поведена постапка за ликвидација.

Целиот оглас може да го видите тука.

Краен рок: 05.11.2017

Loading...