Пред 80 години Хитлер го направил клучниот чекор кон војна

0
142
views
hitler austria
loading...

Кога германските сили влегле во соседна Австрија на 12. март 1938. година, тоа не било само за присоединување на Австрија кон нацистичка Германија, туку и важен стратешки потег во подготовката за Втората светска војна.

Многу Австријци го поздравиле таканаречениот Аншлус со Германија со френетично воодушевување. Репресијата над Евреите започнала речиси веднаш.

Родениот Австриец Адолф Хитлер долго сонувал за тоа. Одлуката за присоединување на Австрија ја донел откако европските сили не реагирале на неговото кршење на Версајскиот договор и влезот на војската во демилитаризираната Рајнска област во 1936. година.

Претходно нацистичките активисти успеале да го поткопаат политичкиот состав на Австрија, вели историчарот Оливер Ратколб.

„Австрија била подготвена да биде нападната“, ,вели тој.

hitler austria

„Тоа не било славење, тоа било хистерија“

Германскиот јужен сосед имал да понуди многу работи: злато и девизни резерви, железна руда и резерви нафта, многу невработени работници за автомобилската и авио-индустријата и неколку борбени дивизии.

Австријците во тоа не виделе никаков проблем. Напротив, тие биле пресреќни.

„Тоа не било славење, тоа било хистерија“, вели Ратколб.

loading...

Масите излегле на улица додека Хитлер со својот конвој минувал од границата до Виена, каде формално прогласил присоединување. На Хелденплац го гледале 250.000 луѓе.

 

Веднаш почнале нападите над Евреите

Нападите над Евреите започнале веднаш. Антисемитизмот бил длабоко вкоренет во општеството, вели Ратколб.

Евреите биле јавно понижувани од своите сограѓани. Имало случаи кога ги терале да ги чистат улиците со четка за заби. Имотите им ги ограбувале соседите и колегите.

ВО првите недели по Аншлусот во австриските затвори веќе имало 70.000 политички затвореници.

Организираните депортации на Евреите започнале во 1939. година. Околу 130.000 успеале да побегнат од државата, но 65.000 станале нацистички жртви.

Меѓународната заедница останала пасивна додека Хитлер „ја освојувал“ Австрија. Единствената земја кој протестирала во тогашната светска организација, Лига на народите, била Мексико.

ИЗВОР: Точка

Loading...