Петиција за признавање на македонската возачка во Германија

1
27
views
Mazedonischer Führerschein
loading...

Група Македонци во Германија покренаа иницијатива односно петиција со која бараат од тамошните власти да ја признаат македоската возачка дозвола, која во оваа земја се уште не важи, што претставува голем проблем за македонските иселеници.

Македонците кои живеат и работат во Германија за таа цел отворија интернет-петиција, за која е потребно да се соберат 50 илјади потписи за да биде успешна.

Сметаме дека е непотребно да се бара од лицата кои што веќе имаат шест месеци искуство со управување моторни возила во Германија и кои поседуваат валидни македонски возачки дозволи, повторно да го преполагаат возачкиот испит во Германија.

loading...

Нужноста да македонските возачи за повторно полагање на возачкиот испит е додатен финансиски како и временски трошок, но пред се, пречка во извршување на работните и секојдневните обврски поврзани со транспортот – соопштуваат иницијаторите на петицијата.

Врз основа на Виенската конвенција за патен сообраќај од 1968 година, меѓусебно признавање на возачките дозволи (Б категорија) со Македонија е склучено со земјите-членки на Европската унија, Бугарија, Хрватска, Романија, Унгарија, Словенија, Белгија и Австрија.

Иницијаторите на петицијата велат дека нивната цел е да соберат 50.000 потписи.

Петицијата може да се потпише на линкот ТУКА

Германски превод ТУКА

loading...

1 коментар

  1. […] ТУКА ќе ја најдете нашата прва објава за онлајн петицијата, а во прилог следува кратко видео со упатство како правилно да ја пополнете петцијата, на ова место би сакале да Ве замолиме уште еднаш да ја подржете инијацитивата и да ја потпишете петицијата! […]

ДИСКУСИЈА

Please enter your comment!
Please enter your name here