Патници на WizzAir oд Германија патувале 12 часа кон Скопје

0
466
views
Wizz Air Airbus A321
loading...

Патници од Германија, кои патувале со авионот на компанијата WizzAir, реагираат за третманот кон нив при враќање од германскиот град Мемингем кон Скопје. Една од патничките раскажува дека патувањето, наместо 2, траело 12 часа, пренесува МакФакс.

Освен што патувањето било отежнато поради густата магла, пристигнувањето за Скопје дополнително го одложила aвиокомпанијата „Визер“ кога им било соопштено дека не постојат услови за слетување.

„Вчера се враќав од Мемингем. Наместо во 16.30 часот, полетавме во 23.50. Пред летот конечно ни дадоа вода и храна во вредност од 8 евра, а веќе сè беше затворено на аеродромот, каде што освен што имаше место за кафе, немаше храна. Кога влеговме, стјуардесите се извинуваа за маглата и доцнењето и рекоа дека ќе летаме кон Скопје. Потоа се јави капетанот на авионот, кој рече дека мора да се слета во Приштина бидејќи нема услови за слетување во Скопје“, раскажува една од 150-те патници што биле во авионот.

Патничката за „Макфакс“ раскжува дека дошле до Приштина на аеродромот и потоа патниците ги префрлиле во автобуси. Авиокомпанијата морала да го обезбеди превозот, но тоа не биле аеродромски автобуси, туку некоја приватна компанија. Македонската полиција неколку часа ги држелеа автобусите и не ги пропуштала бидејќи немале дозвола за ваков вид транспорт.

„Стигнавме до македонската граница и полицијата ги спречи автобусите да влезат во Македонија со образложение дека немаат таква обврска и затоа нè истоварија на Блаце. По малку расправии и веројатно поради сентименталност, полицијата нè пушти eдвај да поминеме. Нè oднесoa на аеродромот, нè оставија, иако таа варијанта само на пет луѓе им одговараше. Пилотот и стјуардесите си прошишаа со комбето и така никој за ништо не е надлежен“, се присетува патничката што патувала за Скопје.

Иако летот доцнел повеќе од 5 часа и патниците имале право на надомест, според официјалните упатства, компанијата не е обврзана да им надомести штета бидејќи во случајот станува збор за вонредни околности.

Loading...