Откриен римски пат во германскиот град Ахен

0
25
views
Römische Strasse Aachen
loading...

Древен римски пат е откриен во Ахен, во западниот дел на Германија. Градскиот археолог Андреас Шауб истакна дека патот е широк шест метри и веројатно датира од вториот век на новата ера.

Шауб смета дека патот го поврзувал Ахен, кој тогаш бил важна населба, со онаа која се наоѓа на местото на денешниот Мастрихт во Холандија.

Експертите ќе се обидат да одредат колкав временски период е користен тој пат.

Патот е откриен додека работниците поставувале безбедносни бариери за годинешниот божиќен пазар, кои се поставуваат откако лани камион влета на божиќниот пазар во Берлин.

Loading...

ДИСКУСИЈА

Please enter your comment!
Please enter your name here