Останува спорната црковна камбана посветена на Хитлер

0
59
views
Hitler Kirchenglocke Herxheim
loading...

Властите во германското гратче Херксхајм ам Берг одлучија да не ја отстранат камбаната од локалната црква, поставена во чест на нацистичкиот лидер Адолф Хитлер.

Камбаната која датира од 1934 година, предизвика раздор кај месното население. Додека некои настојуваат дека камбаната е навредлива, други велат дека нејзиното отстранување е бесмислен обид за преиначување на историјата на градот.

Hitler Kirchenglocke Herxheim

 

Се за татковината – Адолф Хитлер

На ѕвоното е изгравирано „Се за татковината – Адолф Хитлер”.

Во септември минатата година црквата одлучи да ја запре употребата на камбаната, но без да ја отстрани. Конечната одлука беше препуштена на Градскиот совет, кој стопанисува со камбаната. Синоќа, тие изгласаа таа да остане на своето место.

Образложението гласи дека „немото“ ѕвоно „ќе потсетува на помирувањето и ќе биде споменик против насилството и неправдата”.

Loading...