Австрија со тужба против Германија поради патерини

0
120
views
Loading...

Австрија пред Еропскиот суд за правда покренува постапка против Германија поради планираното воведување патарини за приватните возила на германските автопати, соопшти во четвртокот австриското министерство за сообраќај.

„Германската патарина е патарина за странците и тоа е од почетокот јасно“, изјави австрискиот министер за сообраќај Јерг Лејштфрејд во Виена и порача дека „тоа Австрија нема да го дозволи“.

Обвини и дека Европската комисија, којашто начелно се согласи со германскиот закон за патарините, „замижала со двете очи“, иако е очигледно дека станува збор за „чиста дискриминација“ на другите граѓани од Европска унија.

Германскиот модел предвидува воведување вињети за неколку временски периоди. Но годишната вињета за граѓаните на Германија би можело да им биде одбиена од данокот на лични возила, со што тие практично би биле ослободени од плаќањето на патарините, во што некои земји гледаат кршење на европските закони коишто не дозволуваат дискриминација на граѓаните на другите членки на Европската унија.

loading...

Покрај Австрија, на воведувањето патарини се противат и другите соседни земји на Германија, како Холандија, Данска и Луксембург.

Патарината за приваните автомобили е спорна и во самата Германија. Таа се смета за политички проект на помалата партија од демохристијанската Унија CDU/CSU, баварската Христијанско-социјална унија (CSU), која уште пред парламентарните избори во 2013 година на гласачите им ветуваше воведување закон кој возачите од другите земји ќе ги натера на плаќање патарина во Германија, исто како што германските возачи плаќаат во странство, но и дека истовремено германските возачи нема да бидат оптоварени.

Другите парламентарни партии од почетокот го критикуваат проектот на CSU, сомневајќи се во неговата правна и економска одржливост. Социјалдемократската партија на Германија (SPD) сега бара целиот проект, кој требаше да започне да се применува во 2019 година, да се запре додека Европскиот суд не го даде своето конечно мислење.

Краток превод:

Umstrittene Pkw-Maut – Österreich will gegen Deutschland klagen

Von Anfang an hatte Österreich die geplante Pkw-Maut auf deutschen Straßen kritisiert, nun will die Regierung Klage vor dem Europäischen Gerichtshof einreichen. Die Niederlande wollen sich der Klage anschließen. Das Bundesverkehrsministerium stellte jedoch klar: „Die Maut kommt.“

Österreich will im Streit um die von Deutschland beschlossene Pkw-Maut vor dem Europäischen Gerichtshof (EuGH) Klage einreichen. Diesen Schritt hatte die Regierung bereits Ende des vergangenen Jahres angekündigt.

Die Gebühr sei diskriminierend, sagte der österreichische Verkehrsminister Jörg Leichtfried: „Das ist eine reine Ausländer-Maut.“ Und diese, so hatte es Leichtfried auch in der Vergangenheit schon mehrfach betont, sei nicht mit der Grundwerten der EU vereinbar.

Loading...

ДИСКУСИЈА

Please enter your comment!
Please enter your name here