Марко заминал во Германија на работа: За брзо се вратил назад

0
33
views
loading...

Свесен дека можностите во Томиславград во БиХ да најде работа се мали, Марко Багариќ по завршувањето на средното училиште заминал во Германија. Како што вели тој сфатил дека животот во Германија не е за него.

– Живееш работна недела од понеделник до петок и фокусиран си на работа, на доаѓање дома, спиење, будење, истата работа. Петок, сабота излегуваш, живееш од плата до плата – рекол тој.

Сепак во Германија не е толку лошо, му се допаѓало тоа што не добивал “глупи коментари” на работа за тоа каков е во приватниот живот. За 6 месеци работа во Германија работел на градилиште и поставувал клими.

– Секогаш гледав на враќање дома. На шетање со кучето, да ги видам своите луѓе да испијам кафе со нив. Не ме интересираше ништо со што би се формирал.

Додал дека има добар татко и дедо и дека со малку труд може да успее во БиХ.

– Останувам во БиХ да се формирам како личност. Да се свртам кон други работи, да одам да работа, студирам. Сега сум задоволен од животот кој го водам – рекол Марко.

Извор: ДВ на Босански, Превод: Суденти.мк

Погледнете го видеото:

Loading...