Мариа од Куманово е најдобар студент во Диселдорф, а најмлад докторанд во Германија

0
308
views
Мaria Кumanovo Studija Germanija
loading...

Ѓорѓиевска е на докторски студии на Универзитетот „Heinrich Heine“ во Диселдорф, насока интернационално и меѓународно право.

Кога пред неколку години заминала на студии во Германија, не ни сонувала дека ќе се закити со неколку признанија и награди, далеку од дома. Кумановката Мариа Ѓорѓиевска (27) е избрана за најдобар студент во Диселдорф, а е и најмладиот студент-докторанд од нејзината област во Германија.

Таа е на докторски студии на Универзитетот „Heinrich Heine“ во Диселдорф, насока интернационално и меѓународно право. Ѓорѓиевска раскажува дека Универзитетот направил неколку истражувања и докажале дека таа е најмладиот студент докторанд во нејзината област.

– Се стекнав со таа титула најмлад докторанд во Германија. На почетокот од страна на моите колеги бев прифатена со голема доза на несериозност и недоверба бидејќи во целиот тој круг се издвојував како најмлада. Сето тоа ми даде многу голема мотивација да се трудам многу повеќе за да си докажам на самата себе дека можам да успеам – вели таа.

Сите испити ги положила со 10

loading...

За секојдневните задачи, активности и проекти што ги имале на факултетот постојано била оценувана со највисоки оценки. На крајните испити што ги имале во текот на овие две години секогаш го имала првото место.

– Овој успех успеав да го задржам и до крајот на моите студии, па Универзитетот ме награди со признанието – најдобар студент во Диселдорф за 2017 година – вели таа.

На што се должи овој голем успех на младата кумановка? Вели дека просекот од 10, кој постојано го одржувала во текот на студиите, е резултат на нејзиното континуирано учење и истражување во областа на правото.

marija-kumanovo-studija-germanija-

– Најклучен дел од сето ова е желбата за успех и големата мотивација за да се надминеш дури и самиот себе. Наградите и признанијата се од големо значење за мене. Тие се резултат на мојата упорност и ми даваат многу голема мотивација за понатамошниот успех.

Ќе гради кариера на правник во Германија

За овој престижен Универзитет, кој се наоѓа во Диселдорф, дознала преку оглас за стипендија. Бидејќи ги исполнувала сите услови, решила да аплицира.

По неколку интервјуа кругот се сведе на минимум, на мое големо задоволство, ја имав таа среќа да ја добијам стипендијата и да заминам во Германија. Германското образование е само по себе специфично бидејќи се разликува по начинот на предавање и учење. Секоја нова лекција што ни ја предаваат менторите следниот ден веднаш ја применуваме во практика – раскажува Ѓорѓиевска.

Професорите и менторите им се достапни во секое време и подготвени да помогнат.

– Факултетот секогаш ги наградува најдобрите студенти со тоа што постојано им нуди добри работни места. Самиот факултет им дава препорака и гарантира за студентите и за нивното знаење, што не е случај кај нас, во Македонија – вели таа.

Нејзините планови се и во иднина да остане во Германија. Принципот и работата на судството ја воодушевуваат, па затоа сака да остане таму и да ја гради кариерата како правник. Мариа магистрирала на Европскиот универзитет во Скопје, на насоката граѓанско право.

Извор: Факултети.мк

loading...

ДИСКУСИЈА

Please enter your comment!
Please enter your name here