Македонските дозволи понатаму не признаени во Германија

0
1308
views
Mazedonischer Führerschein
loading...

Иако македонските медиуми објавиле дека Македонија и Германија постигнале договор за признавање на возачките дозволи, дозволите остануваат и понатаму на стенд бај т.е. најавениот договор не е постигнат.

„Билатералниот договор меѓу Македонија и Германија за меѓусебно признавање на возачките дозволи е постигнат“, велеа неименувани извори на Дојче Веле. Отстранети биле последните пречки, и со тоа, македонските државјани кои живеат или работат во Германија ќе можат да ги заменат своите матични возачки дозволи за германски, пишуваше ДВ.

Но не за прв пат, и во април 2017-та ДВ објави дека дозволите се пред признавање. Помина речиси цела година, а ДВ постојано си јавува дека договорот е пред финализирање.

Германија контра македонските медиуми

Потврда дека работата стагнира стигна и од германската страна. Инијацитивниот одбор на онлајн петицијата за признавање на македонските возачки дозволи ги контактираше германските власти, од таму ги негираат пишувањата и изјавите од поединци на владата дека пречките се отстранети и дека се очекува наскоро потпишување на договорот.

Германските власти не ги делат гледањата на македонските медиуми и според нив има уште отворени прашања, а за временска рамка кога би можело да се случи потпишување на договорт се вели „неможе да предвидеме дата или временски период“.

Loading...

ДИСКУСИЈА

Please enter your comment!
Please enter your name here