Македонски камионџија и германски полицаец – Epic!

0
610
views
loading...

Интересна ситуација со македонски камионџија и германски полицаец снимена за германската тв емисија „Пази контрола“ од станицата „Кабел 1“.

На официјалната Фан страна на станицата се појави видеото и стана вистински хит, посебно кај нас македонците.

Македонски шофер на камион се најде во незгодна ситуација во Германија, каде германски полицаец вршеше проверка и контрола на неговото возило.

Полицаецот се обидува да му укаже каде е неговата грешка, а и му покажува дека гумите на камионот се во лоша состојба. Германецот си збореше на германски, нашиот шофер на македонски и некако се разбраа.

Во продолжение можете да го погледнете видеото. Македонецот сигурно ќе го разберете, зашто на германскиот полицаец му зборува на македонски…

Loading...