Македонија најмногу тргува со Германија

0
1
views
Deutschland Flagge
Loading...

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-септември 2017 година, изнесува 3,6 милијарди евра и бележи пораст од 15,1 отсто во однос на истиот период од претходната година.

Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 4,9 милијарди евра, што е за 11,2 отсто повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-септември 2017 година, изнесува 74,1 отсто, а трговскиот дефицит изнесува 1,2 милијарда евра.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи ги и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел), и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и плоснато-валаните производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени, обработувани не повеќе од топловаланите со ширина од 600 мм или повеќе, намотани.

Во периодот јануари-септември 2017 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и со Бугарија.

Loading...

ДИСКУСИЈА

Please enter your comment!
Please enter your name here