Македонците во Германија со протест во сабота

0
182
views
Ние сме Македонија
loading...

Македонците во Германија повикуваат на протест,  пак во Франкфурт каде пред кратко се организираше спонтан контрапротест против грчката дијаспора.

Во прилог повикот за протестот, превземено од Фејсбук – ЛИНК

ПОВИКУВАЊЕ НА МИРЕН , МАСОВЕН, СЕМАКЕДОНСКИ ПРОТЕСТ !!!

3-ТИ МАРТ 2018 (САБОТА),

ФРАНКФУРТ (Frankfurt am Main, ALTE OPER)

ПРОТЕСТОТ Е ВО КООРДИНАЦИЈА СО ОСТАНАТИТЕ ПРОТЕСТИ НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД ЦЕЛИОТ СВЕТ ОВОЈ ВИКЕНД (АМЕРИКА, АВСТРАЛИЈА, ЕВРОПА) И КРАЈНИОТ РЕЗУЛТАТ КАКО СУБЛИМАТ ОД СИТЕ ПРОТЕСТИ ЌЕ БИДЕ ПРЕЗЕНТИРАН НА ПЛОШТАДОТ ВО СКОПЈЕ.

Почитувани, дојде денот кога МОРАМЕ да кренеме глава и да кажеме дека за судбината на НАШАТА МАКЕДОНИЈА, смее да одлучува само нејзиниот народ. Никој нема право во свое име да одлучува за прашања кои се од суштинска важност за нас сите како МАКЕДОНЦИ. Бидејќи , ако ова им помине… НЕМА НАЗАД…ОТИДОВМЕ ЈАБАНА!!!

На добар пат се да се откажат од нашето вековно име, и од сè што е пропратно околу самото име. Не заборавајте дека, од денот на прифаќањето на новото име, автоматски ќе се збогуваме со целата наша историја… А народ без своја историја, не е народ во вистинска смисла на зборот.
Ќе испадне дека ние сме дојденци, а некои други биле староседелци на просторот на Македонија.
Ќе не нарекуваат со погрдни имиња (славомакедонци, новомакедонци, па дури и славодошљаци)…

Во функција на тоа, е и насилниот обид за прогласување на албанскиот јазик на целата територија на Република Македонија.
Со тоа и практично ќе не обезличат на сила.

ЕПА НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ ДА ИМ ПОМИНЕ ТОА!!!
НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ ДА БИДЕМЕ КИРАЏИИ ВО СОПСТВЕНАТА ДРЖАВА!!!
СИТЕ НА НОЗЕ!!!
ОД НАС ЗАВИСИ!!!

Добредојдени се сите МАКЕДОНЦИ кои ја чувствуваат Македонија за своја единствена татковина. Партиите ќе ги заборавиме.
Немаме пари да делиме сендвичи на присутните. Секој нека понесе само љубов и емоции за МАКЕДОНИЈА.
Само Македонија ќе ја имаме во мислите. Немаме друга опција, освен да се обединиме, и да им покажеме дека МОРААТ прво народот да го прашаат.

loading...

ОБЕДИНЕТИ МОЖЕМЕ…

ГЕРМАНСКИ/DEUTSCH

Loading...