Македонците во Германија со контрапротест против грчката дијаспора

0
245
views
Mazedonier mit Gegendemo morgen in Frankfurt
loading...

Македонците во Германија повикуваат на контрапротест во Франкфурт, како реакција на најавениот протест на грчката дијаспора во Германија.

Ви прилог повикот на протестот, кој според организаторите е официјално пријавен кај надлежните институции во Франкфурт. На германски јазик го објавивме повикот ТУКА.

Почитувани браќа и сестри драги Македонци!

ВЕ ПОВИКУВАМЕ НА МИРЕН ПРОТЕСТ

03.02.2018. GOETHEPLATZ – 12:00 FRANKFURT

Како одговор на протестите на грчката заедница во Франкфурт, Германија, а со цел да се скрене вниманието на западните земји и да се наметне мислење дека само грчкиот народ има право на името Македонија и се што е Македонско, Ве повикуваме на мирен контра протест, со почеток од 12:00 часот, на Goetheplatz, Frankfurt.

Сите кои сте и се чуствувате Македонци, и кои Ве засега политичката ситуација во Македонија, заедно да излеземе и да го искажеме нашиот револт кон политиките на грчката држава која во изминатиот период понижувачки си поигрува со нашиот идентитет и државното име. Да испратиме еден глас кој ќе го чујат и сите наши политичари и политички партии кои пак во изминатите години БЕЗ ИСКЛУЧОК не изневерија како народ и не поделија како никогаш досега.

СПЛОТЕНИ, ЕДЕИНСТВЕНИ И МНОГУБРОЈНИ да испратиме и еден глас и еден повик дека името на нашата татковина, нашиот идентитет и јазик не смеат да бидат предмет на расправа со ниедна држава и за ниедна цел.

Единствено само мнозинството на нашиот народ преку референдум има право да одлучува за промената на името на нашата земја. Земја за чија слобода е натопена со маченичка крв.

ПРОТЕСТОТ не е насилен и не треба да не покаже во погрешно светло.
Протестот не е партиски и не смее да има партиски симболи.

Потребна е ВАШАТА ПОДРШКА!
Додека сеуште не е доцна и бидејќи немаме резервна татковина!

loading...

Името на нашата држава е МАКЕДОНИЈА!

Loading...