Македонците од Германија на нозе: Протест на 27 јануари во Берлин

0
4453
views
Brandenburger Tor Mazedonischer protest
loading...

Македонските иселеници во Германија на 27 јануари ќе организираат протестен марш во Берлин против промена на името на државата Македонија, против Законот за употреба на јазиците и против Договорот за добрососедство со Бугарија.

„Упатуваме јавна покана до сите Македонци во цела Германија и Европа да се придружат на маршот ЗА МАКЕДОНИЈА, заедно да застанеме пак во одбрана на боите на Македонија и за нашите браќа и сестри во татковината!

Ние сме Македонци, нашата татковина се вика Македонија, наш јазик е македонскиот јазик! Така било, така е, така мора и да остане!“, стои во прогласот на организаторот Македонска заедница во Германија.

Mazedonier Protest Berlin

Собирното место за маршот в сабота на 27 јануари е Бранденбуршка порта, почетокот е во 13 часот, а од таму присутните ќе се упатат до кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел.

Од протестниот марш ќе се упати декларација до претседателот на Републиката, претседателот на Парламентот и претседателот на Владата на СР Германија, која ќе го содржи ставот дека „Македонците во Европа го отфрлаат Договорот со Бугарија и Законот за употреба на јазиците. Македонците во Европа не прифаќаат промена на името на државата Македонија!“.

Loading...

ДИСКУСИЈА

Please enter your comment!
Please enter your name here