Луксузниот Мерцедес на Хитлер на аукција

0
28
views
Mercedes-Benz 770 Grosser Mercedes
Loading...

Делумно блиндиран, исклучително моќен и убав, овој Мерцедес е еден од најдобрите автомобили на своето време.

За жал, исклучителниот автомоби, познат едноставно како „големиот Мерцедес“, ќе остане запамтен првенствно како омилен избор на високопозиционираните државници на тогаш нацистичка Германија. Тоа во превод значи дека во таков модел се возеле ликови како Херман Геринг, Хајнрих Химлер и самиот Адолф Хитлер.

Mercedes-Benz 770 Grosser Mercedes Hitler Parade Auto

Конкретниов примерок од 1939 година бил официјална лимузина лично на Хитлер. Станува збор за Mercedes 770K „Großer Mercedes“ во кој Хитлер го возел неговиот личен шофер Ерих Кемпка. Во прашање е модернизирана верзија на моделот претставен во 1938 година, а се рабти за најскапиот германски автомобил на тоа време. Цената била чувана во тајност и никогаш не е јавно објавена.

loading...

Mercedes-Benz 770 Grosser Mercedes Innenansicht

Големиот Мерцедес го движел 7,7-литарски осумцилиднарски мотор на бензин од 116 KW/158 КС. Во конкретниов случај, благодарение на опционалниот компресор, максималната моќ на оваа лимузина била 170 KW/23 КС. Усогласен со петстепен рачен менувач, а максималната брзина му била над 160 км/час.

Mercedes-Benz 770 Grosser Mercedes 1939

Мерцедесот од Хитлер бил и дополнително блиндиран. Задницата, бочните стакла и панели и предното ветробранско стакло давале целосна заштита од пешадиско вооружување кое било актуелно во тоа време, а поседувал и соодветна противминска заштита. Дополнително, вграден бил и оклоп во потпирачите на задните седишта.

Овој историски и технолошки исклучителен примерок бил зачуван во совршена состојба, а ќе биде понуден на аукциска продажба во втората половина на јануари.

Loading...

ДИСКУСИЈА

Please enter your comment!
Please enter your name here