Лајпциг – најубавиот град во источна Германија

0
112
views
Leipzig Panorama
loading...

Кога ќе помислете на патување во Германија на памет ви паѓаат премногу градови, а Лајпциг сигурно не е на таа листа. Минхен би го посетиле за Октоберфест, Берлин поради ноќниот живот, Келн поради божиќните пазари и карневалот, а Хамбург поради неодоливиот шарм. Што е со Лајпциг?

Лајпциг е најголемиот град на сојузната покраина Саксонија, а верувале или не, се наоѓа на листата на 70 најпосакувани светски градови за живот и е еден од десетте најпопуларни туристички дестинации според Њујорк Тајмс.

Neues Rathaus Leipzig

Стариот град е атракција сам за себе-улици со калдрми, средновековни куќи, многубројни пабови и барови како и многу мали неодоливи продавници.

Што треба да погледнете во Лајпциг: Црквата Свети Никола, Ауербахс Келер-најстариот ресторан, Музејот на ликовни уметности, Плоштадот и пазарот, Споменикот на народната битка, Зоолошката градина.

Историја на Лајпциг

Лајпциг бил првпат споменат во 1015 година во хрониките на бискупот Титмар од Мерзебург и во 1165 година, кога ги добил градските и пазарните права од Ото Богатиот. Лајпциг целосно ја обликувал историјата на Саксонија и на Германија и отсекогаш бил познат како трговско место. Саемот Лајпциг, започнат во средниот век, станал настан од меѓународно значење и е најстариот останат саем во светот.

Leipzig am 19. Oktober 1813

Основањето на универзитетот Лајпциг во 1409 година го започнал развојот на градот во центар на германското право и издавачката индустрија и довело кон тоа да биде место на Високиот суд (Reichsgericht) и Германската национална библиотека (основана во 1912 година).

Регионот на Лајпциг бил арена на Битката кај Лајпциг помеѓу Наполеонска Франција и коалицијата на сојузниците Прусија, Русија, Австрија и Шведска. Таа била најголемата битка во Европа пред Првата светска војна и ставила крај на присуството на Наполеон во Германија. Во 1913 година, споменикот на Битката на народите бил завршен, кој ја одбележувал стогодишнината од овој настан.

loading...

Leipzig, Völkerschlacht, Denkmal

Неколку илјади принудни работници биле сместени во Лајпциг во текот на Втората светска војна.

Исто така, градот бил тешко оштетен од сојузничките бомбардирање во текот на Втората светска војна. За разлика од соседниот град Дрезден, овој бил главно конвенционално бомбардиран со експлозии отколку со запаливи бомби. Последица на сето тоа е губењето на поголемиот дел од стариот дел на градот.

Сојузниците пристигнале во Лајпциг на крајот на април 1945 година. Американските војници ѝ го предале градот на Црвената армија, како што се повлекла линијата со советските сили во јули 1945 година. Лајпциг станал еден од главните градови во Германската Демократска Република DDR (Источна Германија).

Loading...