Каква е германската кујна?

0
5
views
Schweinshaxen
loading...

Постојано зборуваме за традиционалната италијанска, француска или шпанска кујна. И додека и Македонија има своја традиционална кујна, германската кујна нема толку многу традиционални јадења како останатите земји и не е широко позната во светот. Но, затоа Германците се горди на нивните познати колбаси кои се разбира најдобро парираат со пиво.

Најпознатите германски супи се: баварска супа со топчиња од црн дроб, баварска супа од пиво, супа од леб…

Покрај супите во германската кујна, месните јадења, кои се најбарани, се свинската коленица, шунка со кисела зелка, ражничи со кисела зелка и хамбуршки стек.

loading...

Како љубители на месото, Германците се познати по производството на колбаси со врвен квалитет и познати ширум светот, а најпознати се белите колбаси (хреновка, колбаси од црн дроб).

Currywurst mit Pommes

Сепак, тие покрај месните јадења на своето мени имаат и морска храна како што се рибата и ракчињата од северното море, а најпознати им се специјалитетите од ладни харинги.

За целокупната кујна да го добие германскиот сјај, потребно е месото да се приготви со зеленчук, а најбарани се компирот и зелката кои може да се најдат речиси во секое главно јадење.

Bayerische kalte Platte Aufschnitt

Регионите Рајна и Мозела се познати по производство на најквалитетното вино кое совршено може да се вклопи со ценетите сирења како Tilster, Romandur и Spitz. Германија е главна локација на сите љубители на пивото поради добро познатиот фестивал на пивото, Октоберфест.

loading...

ДИСКУСИЈА

Please enter your comment!
Please enter your name here