Како се менувале кириите во Германија во текот на годините?

0
214
views
Berlin Fernsehturm
loading...

Доколку се случило да се инвестирате во имот во Берлин, на пример, во 1990-тите, сега сте сопственик на „златен рудник“ ако го изнајмите, пишува „online.com“.

Просечните кирии продолжуваат да растат во водечките градови во Германија. Лидер во овој поглед е Минхен, покажуваат податоците на веб-страницата „immonet.de“.

Станарите во главниот град на Баварија оваа година плаќаат просечно 18.600 евра годишно, во споредба со 12.960 евра во 2011-та година, според статистичките податоци.

Во Франкфурт, годишната кирија за 2017-та година достигна просек од 14.400 евра, во споредба со 11.880 евра во 2011-та година.

Трет е Хамбург со годишен износ од 13.200 евра во 2017-та година во споредба со 10.200 евра во 2011-та година.

Од поголемите градови во Германија, изнајмувањето во Дортмунд е најевтино – 6.840 евра годишно, при што трошоците во 2011-та година изнесувале 5.760 евра.

ИЗВОР: Денар

Loading...