Историчар од Германија верува дека пронашол дел од Берлински ѕид

0
46
views
loading...

Во длабока шума во Берлин, германски историчар пронашол дел од ѕид долг околу 80 метри, за кој верува дека е остаток од некогашниот Берлински ѕид.

Историчарот Кристијан Борман пријавил на градските власти дека верува дека пронашол сочуван дел од Берлинскиот ѕид и дека е загрижен дека истиот може да биде уништен и вандализиран.

Берлинскиот ѕид некогаш беше физичка граница меѓу комунистичкиот источен дел од градот и демократскиот западен, од 1961 па сè до 1989 година. Рушењето започнало во 1990 и оттогаш се оставени само неколку делови од ѕидот, како споменик, кои се под заштита на градот.

Од фондацијата „Берлински ѕид“ велат дека се спроведуваат научни истражувања и доколку се покаже дека ова се навистина остатоци од Берлинскиот ѕид, тогаш ќе мора да се преземат посериозни мерки за реставрација и сочувување.

Loading...