Германско инженерство: Река врз Река кај Магдебург

0
49
views
Германско инженерство: Река врз Река кај Магдебург
loading...

Магдебуршкиот воден мост во Германија е аквадукт кој го поврзува каналот Елба-Хавел со Средногерманскиот канал (познат и како Мидланд канал, изворно Mittellandkanal), овозможувајќи премин преку реката Елба.

Со должина од 918 метри, Mittellandkanal е најдолгиот пловен аквадукт во светот.

Двата канала и претходно се сретнуваа во близина на Магдебург, но на спротивни страни од реката Елба. Бродовите тогаш мораа да заобиколуваат во должина од 12 километри – спуштајќи се по каналот Мидланд преку бродскиот лифт во Rothensee за да ги префрли во Елба, па потоа пловејќи по Елба сé до каналот Елба-Хавел.

Често и ова беше попречувано, конкретно од периодично нискиот водостој на Елба, при што бродовите мораа да бидат растоварани и одново товарени.

Конструкцијата на водениот линк почна во раните 1930-ти години, но поради Втората светска војна и последователната поделба на Германија, проектот остана замрзнат сé до 1997 година. Конечно аквадуктот беше завршен во 2003 година.

Денес изгледа вака:

Loading...