Германскиот суд ја одложи пресудата за забрана на дизелашите

0
110
views
Dieselverbot Stuttgart
loading...

Германскиот суд ја одложи пресудата за тоа дали смеат градовите да забрануваат дизел автомобили кои многу ја загадуваат околината, одлука која би можела да ја намали вредноста на околу 15 милиони такви возила во Европа и да ја присили автомобилската индустрија на скапи промени.

Судијата Андреас Кормбахер објави дека највисокиот германски управен суд на 27 февруари ќе ја објави одлуката за жалбата на германските сојузни држави на забраните од локалните судови во Штутгарт и Дизелдорф поради загаденоста на воздухот.

Светот полека им го врти грбот на автомобилите со дизел мотори откако Фолксваген во 2015 призна дека мамел на американските тестирања на издувните гасови со софтвер преку кој мерните уреди покажувале дека моторите испуштаат дозволени количества штетни јаглеродни оксиди и други честички.

Иако и други држави размислуваат за воведување рестрикции на дизелашите, забраната на таквите возила во Германија, татковината на современиот автомобил, би ѝ задала силен удар на германската автомобилска индустрија.

„Дизелот би можел да го добие својот последен смртоносен удар (со таа пресуда)“, напишаа во своето писмо до своите клиенти аналитичарите на компанијата Еверкор ИСИС која им пружа советнички услуги на инвеститорите.

Германија долго време ги промовираше дизелашите како возила кои помагаат во борбата против емисијата на гасови со ефект на стаклена градина и постигнувањето на зацртаните цели во борбата против климатските промени, но скандалот на Фолксваген го пренасочи фокусот кон електричните автомобили.

Владата на канцеларката Ангела Меркел, која е под напади поради поврзаноста со автомобилската индустрија, лобираше против забраните од страв дека можат да разгневат милиони возачи и да го нарушат градскиот сообраќај.

Истовремено властите во Парис, Мадрид, Мексико Сити и Атина најавуваат дека ќе ги забранат дизелашите во градските јадра до 2025, додека Копенхаген планира тоа да го направи веќе следната година.

Loading...