Германскиот фудбалски талент кој што загина како борец на ИСИС

0
95
views
Бурак Каран
loading...

Полни пет години од загинувањето на Бурак Каран, германскиот фудбалски талент кој што загина во борбите на Блискиот Исток како војник на ИСИС.

Каран, роден е во септември 1987 година во Вупертал, гратче помеѓу Келн и Дортмунд. Неговиот талент беше откриен уште од рана возраст и беше дел од младинските екипи на Баерн Леверкузен, по што му се отвори можноста да настапува за германската репрезентација У-16 и У-17, играјќи заедно со Кедира, боатенг и со мн други познати фудбалери.

Неговата кариера се промени на 19 годишна возраст кога доживеа тешка повреда и тогаш беше судниот момент кога се предаде на неговите верски верувања и на војната. На 20 годишна возраст се радикализираше и започна да испраќа лекови и храна во Сирија. На неговите роднини им кажал дека повеќе кариерата не го интересира, а еден ден одлучи и да замине за Сирија заедно со неговата сопруга и неговите две деца.

Стана дел од џихадистичките групи кои војуваа против силите на Асад, кога и во 2013 година загина во воздушните напади на сириските сили.

Loading...

ДИСКУСИЈА

Please enter your comment!
Please enter your name here