Германски „Кеслер“ ќе произведува електромотори во Македонија

0
64
views
Kessler Gruppe
loading...

Германската компанија „Кеслер“ ќе гради фабрика во Технолошко индустриската развојна зона Скопје 1, каде ќе произведува електромотори и најавува 80 работни места.

Договор за реализација на инвестицијата денеска потпишаа директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Александар Младеновски со претставници на „Кеслер“.

Согласно договорот, компанијата добива на користење градежно земјиште со површина од 1,3 хектари. Според најавите од „Кеслер“, предвидена е изградба на објекти во две фази во кој ќе се врши производство на електромотори. Во рамки на инвестицијата предвидено е и воспоставување центар за заеднички и инжинерски услуги и развој на нови производи на Кеслер во Македонија.

Планираат да започнат со работа кон крајот на следната година, а производството ќе биде наменето за германскиот пазар. Се планираат најмалку 80 работни места во наредните три години, машински и електро инжинери, како и друг висококвалификуван кадар. Од Кеслер информираат дека веќе имаат стапено во контакт со високо образовни институции во нашата земја и планираат соработка со техничките средни училишта. Компанијата планира соработка и со домашни добавувачи за набавка на суровините потребни за нејзиното производство.

Како производител на алати и двигатели за машинско моделирање и брусење, електромотори, делови за CNC машини и сензори, компанијата Кеслер има над 90-годишна традиција. Ова е прва инвестиција на компанијата надвор од матичната земја, а нивната фабрика ќе биде прва од ваков тип во Македонија.

Loading...