Германската геј драма „Центарот на мојот свет“ во кината низ Македонија

0
28
views
Die Mitte der Welt Film
loading...

Краткиот германско-австриски филм „Центарот на мојот свет“ (Die Mitte der Welt), драма за животот и созревањето на 17-годишниот Фил, кој е соочен со предизвикот да го открие центарот на неговиот свет е тинејџерска драма во режија на Јакоб М. Ерва, која во текот на декември ќе се прикажува во кината низ Македонија. Дистрибутер за Македонија е „Катавеј“ од Скопје.

Oваа хомосексуална романса е адаптација на романот од германскиот автор Андреас Штајхефел. Филмот е продуциран во 2016 година и трае 15 минути.

Филмот “Центарот на мојот свет“ беше прикажан на повеќе од 30 фестивали во светот, а меѓудругото ја освои и Баварската филмска награда за режија, како и наградата за најдобра филмска музика на Австриските филмски награди, а главните актери беа номинирани за наградата „Јупитер“.

Фокусот е на 17-годишниот Фил кој се враќа од летен камп во домот каде што живее со неговата мајка, Глас и неговата сестра-близначка, Дијана. Едвај имаат контакт со другите жители на селото кои сметаат дека семејството на Фил е чудно, а за Дијана велат дека може да разговара со животни.

loading...

Меѓутоа, често ги посетува Тереза, адвокат, која секогаш има добри совети за Фил.

Фил забележува дека нешто се сменило меѓу неговата мајка и неговата сестра и дека повеќе не зборуваат една со друга. Но, сепак Фил ги поминува последните денови од својот летен одмор со неговата најдобра пријателка Кат.

Кога почнува училиштето, во неговото одделение доаѓа мистериозниот Николас. Тој се вљубува во него и неговото пријателство со Кат страда поради завист и љубомора. Пред Фил стои предизвикот да открие кој е неговиот центар на светот…

loading...

ДИСКУСИЈА

Please enter your comment!
Please enter your name here