Демант од Германската амбасада за работните визи

0
329
views
loading...

Веб страната на Германската амбасада во Скопје, објави демант по повод информациите за работните визи, кои протекоа во некои наши медиуми.

Откако во текот на вчерашниот и денешниот ден, во дел од македонските медиуми се појави информација дека стартува нов закон за вработување, според кој сите граѓани на поранешна Југославија ќе можат да се вработат под исти услови како и граѓаните на ЕУ, се огласи и германската амбасада, демантирајќи ја истата информација.

На веб страната на германската амбасада стои: „Информациите, дека од 01.01.2018 г. ќе влезе во сила нов закон, кој ќе овозможи лица коишто не се граѓани на ЕУ да може да се вработат под исти услови како граѓаните од ЕУ, не се точни. Ве молиме да се информирате на веб страната на Амбасадата преку линкот: Услови и време на чекање за издавање на работни визи“.

Превод:

Deutsche Botschaft in Skopje mit Pressemeldung bezüglich Falschmeldungen über EU Arbeitsvisum

Die Deutsche Botschaft meldete sich zu Wort nachdem in den Sozialen Netzwerken Artikel geteilt wurden, in welchen suggeriert wurde das ein neues Gesetz verabschiedet wurde mit welchem „Bürger mit einem Nicht-EU Pass in Zukunft wie EU Arbeitnehmer angesehen werden“.

Die Deutsche Botschaft bezeichnet diese Informationen als Falschmeldungen und verweist darauf Informationen nur von der Webseite der Deutschen Botschaft zu beziehen.

Loading...