Германија: Патници од Грција детално се проверуваат на аеродромите

0
18
views
Passkontrolle an Grenze
loading...

Германските власти на аеродромите во земјата почнаа да вршат темелни контроли само на грчките патници, откако било утврдено дека од Грција пристигнуваат илјадници лица, објави атинскиот весник „Катимерини“, повикувајќи се на извори во Министерството за внатрешни работи на Германија.

Безбедносните мерки на германските аеродроми, кои стапиле во сила на 12 ноември, ќе важат шест месеци, а како што навел изворот, тие се воведени поради претстојните божиќни празници и организирањето на традиционалните панаѓури во тој период, кои би можеле да станат цел на терористички напад од страна на џихадистите.

Откако се воведени мерките, до вчера, била извршена проверка на 33.000 патници и биле задржани 20 лица.

Грчкиот весник „Нафтемборики“ пишува дека откако се воведени мерките, авионите од Грција на германските аеродроми се пренасочувани на посебни терминали, каде се спроведува темелна проверка на сите патници.

loading...

Германија ги известила институциите во Брисел дека ќе го искористи тоа нејзино право за патниците кои пристигнуваат од Грција.

Европската комисија иницираше средба на експертско ниво, каде ќе присуствуваат претставници од Берлин и Атина, со цел да биде разгледана ситуацијата со патниците кои пристигнуваат од Грција на германските аеродроми.

loading...

ДИСКУСИЈА

Please enter your comment!
Please enter your name here