Германија: Нема договор за влада, Меркел ќе го враќа мандатот

0
11
views
German Chancellor Angela Merkel of the Christian Democratic Union (CDU) speaks to media after the exploratory talks about forming a new coalition government collapsed in Berlin, Germany, November 20, 2017. REUTERS/Hannibal Hanschke
loading...

Канцеларката Ангела Меркел синоќа изрази жалење поради неуспехот на преговорите за состав на владејачка коалиција во Германија.

Таа изјави дека денеска ќе се сретне со претседателот Франк-Валтер Штајнмаер кого ќе го информира дека не успеала да се договори за владејачка коалиција со Слободните демократи (FDP) и Зелените (Die Grünen).

Одлуката на Меркел да се сретне со шефот на државата, кој има надлежност да свика нови избори, веројатно е знак дека таа нема да се обиде да предводи малцинска влада со Зелените.

– Тоа е ден за длабоко размислување што да се направи за напредок во Германија. Како канцелар ќе направам се што е можно нашата земја да биде добро управувана во тешките недели кои претстојат, истакна Меркел.

loading...

Претходно лидерот на Слободните демократи, Кристијан Линднер изјави дека тие се повлекуваат од преговорите, нагласувајќи дека „подобро е да не се владее, отколку да се владее лошо“.

Тој додаде дека било невозможно да се најде заедничка основа за преговори за состав на т.н. коалиција „Јамајка“.

Мартин Шулц од редовите на германските социјалдемократи SPD побара на прес конференција нови избори.

loading...

ДИСКУСИЈА

Please enter your comment!
Please enter your name here