Германија нема да го бојкотира Светското првенство 2018 во Русија

0
33
views
loading...

Германската фудбалска федерација (ДФБ) се спротивстави на бојкот на Светското првенство 2018 година кое од 14 јуни до 15 јули ќе се игра во Русија.

Претседателот на ДФБ, Рајнхард Гриндел, смета дека таквата мерка не дава никаква смисла и може само да направи штета.

„Ние сме за дијалог, а не за бојкот“

– Хари Кејн и другите играчи од тимот на Англија може да го пропуштат Светското првенство 2018 поради нивните политичари. Да речеме дека Англија нема да дојде на Мундијалот. И што тогаш? Ние сме за дијалог, а не за бојкот. Треба да градиме мостови. Бојкот нема да прави добро. Олимписките игри во Кореја покажаа дека спортот може да сплотува, рече првиот човек на германскиот фудбал.

Реакцијата на Гриндел доаѓа по изјавата на британската премиерка Тереза ​​Меј дека Владата ќе го разгледа прашањето за можен бојкот на СП 2018 година како една од можните мерки против Русија поради труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал.

Loading...

ДИСКУСИЈА

Please enter your comment!
Please enter your name here