Германија ја прегази Црна Гора во Загреб

0
62
views
Deutschland Montenegro handball
Loading...

Во првиот натпревар од првиот натпреварувачки ден во Загреб, а втор на Европското првенство, актуелниот европски првак ја започна одбраната на титутлата со импресивна игра и висока победа над Црна Гора од 32:19.

Уште од самиот почеток Германија најави дека ќе ја има комплетната контрола над резултатот во овој дуел. По воведните минути одличната одбрана на Германците предводена од голманот Андреас Вулф не им дозволи на Црногорците да се израдуваат на првиот погодок цели седум минути.

Во ретките моменти кога нападот на Црна Гора можеше да го види голот на Германија, тука беше најкорисниот ракометар од изминатото европско првенство голманот Вулф. Таквиот ток на натпреварот им овозможи на Германците во средината на првиот дел да создадат серија од девет погодоци и да ја најават својата кандидатура за европскиот врв.

По првиот дел Црна Гора имаше негатива од осум голови (17:11), разлика која Германците ја контролираа и во текот на второто полувреме, а во средината на вториот дел Германија влезе и со двоцифрена разлика. Се менуваа германските ракометари на теренот, Волф одлично бранеше и разликата постојано се зголемуваше.

loading...

На крајот Германија ги обезбеди премиерните бодови во група Ц, со победа над Црна Гора од 32:19.

Најпрецизен ракометар на теренот беше Генсхајмер со 9 голови, 5 даде Друкс, додека Вајнхолд, Вебер, Кун и Колбахер го следеа со 3.

Кај Црна Гора Липовина имаше неколку периоди на блесок во натпреварот и на крајот запиша 7 погодоци зад своето име, го следеше Божовиќ со 4. Во следното коло, за два дена Германија ја пречекува селекцијата на Словенија, додека Црна Гора ќе ги бара првите бодови против Македонија.

Loading...

ДИСКУСИЈА

Please enter your comment!
Please enter your name here