Германија ги има најдобрите подморници во светот, но ниедна не е во функција

0
86
views
U-Boot
loading...

Германија нема ниту екипаж, ниту пак подморница која е комплетно оперативна. Секоја од подморниците е на одржување или ѝ е потребна поправка.

Оваа европска сила некогаш беше една од најголемите сили кога се во прашање подморниците.

Таа поседуваше подморници од типот 212А со погон на хидрогенски ќелии, што им овозможуваше да управуваат со подморницата две недели, без да излезат на површината, и поради тоа имаа предност над дизел подморниците кои можат да останат под вода само неколку дена.

Секоја од овие подморници ја чинеше Германија 400 милиони евра, но германската војска неодамна соопшти дека ниту една од шесте постоечки подморници не е во функција.

Берлин ја изгуби последната подморница во октомври, кога 212А претрпе голема штета откако удри во карпа во близина на норвешкиот брег. Штетата беше толку голема што подморницата мораше да биде извлечена со брод и довлечкана до брегот на Киел.

Две од подморниците одат на поправка и ќе бидат во функција во втората половина на 2018, а германската војска вели дека едната од нив ќе се врати од поправка најрано во мај 2018 година.

„Ова е катастрофално за морнарицата. Првпат во историјата на Германија немаме функционална подморница со месеци“, рече германскиот комесар за одбрана, Ханс-Петер Бартелс.

Тој ја обвини владата за „кратење“ на буџетот на Министерството за одбрана за оваа ситуација. Иако сите подморници ќе бидат поправени, не можат сите да функционираат одеднаш бидејќи Германија има само три екипажи.

Извор: Кајгана

Loading...