Германија е трговски партнер број 1 на Република Македонија

0
93
views
loading...

Сојузна Република Германија е трговски партнер број 1 на Република Македонија, информира владата на Р.М.

„Сојузна Република Германија е трговски партнер број 1 на Република Македонија со обем на трговија од над 40 отсто од вкупната вредност, а вредноста на трговската размена секоја година расте и во 2017 година достигна над 3 милијарди евра. Инвестициите од оваа земја главно се насочени во текстилната, металопреработувачката индустрија и поддршката за автомобилската индустрија и транспортот. Растот на германските инвестиции во Република Македонија продолжува и во постоечките компании со германски капитал вработени се речиси 20 илјади луѓе“, информира Владата.

Во соопштението од средбата се наведува дека претставниците на германската комора ги понудиле своите капацитети како линк меѓу можностите за инвестирање во Македонија и германските компании со кои соработуваат и истакнале дека сакаат да го поддржат процесот на зачленување на Република Македонија во Европската Унија.

„На средбата се разговараше и за концептите за развој на средно стручно образование за кои во Македонија се заинтересирани германските компании со цел да се зајакне капацитетот на стручните кадри со фокус на создавање квалитетни механичари и механик-електроничари. Како особено важна беше потенцирана врската помеѓу теоријата и практиката која има за цел да произведе стручен кадар што ни е потребен на нашата, но и на германската економија. Можности за соработка беа лоцирани и во областите на енергетска ефикасност и употребата на обновливите извори на енергија, за што Македонија е мапирана како земја со соодветни климатски услови“, соопшти владината прес-служба.

Loading...