Германија е непоразена на последните 47 гостувања во квалификациите за СП

0
75
views
Loading...

Репрезентацијата на Германија одигра доминантно на гостувањето кај Северна Ирска (1-3) и ја запиша деветтата победа во исто толку натпревари во тековните квалификации за Светското првенство (СП) во Русија 2018.

Избраниците на Јоаким Лев со денешниот успех ја продолжија неверојатната низа од 47 последователни натпревари на гости во квалификациите за СП без пораз. Серијата трае од далечната 1934 година.

Сè започна со победата од 9-1 против Луксембург на 11 март 1934 година, која значеше пласман на Мундијалот. Тогаш, само една победа беше доволна за билет на светскиот собир.

Во последното коло, Германците ќе го заокружат квалфикацискиот циклус со мечот против Азербејџан пред својата публика.

Loading...

ДИСКУСИЈА

Please enter your comment!
Please enter your name here