Германија – Автомобил влетал во пешаци, шест повредени

0
36
views
Автомобил влетал во пешаци
loading...

Најмалку шест лица се повредени откако маж со автомобил прегазил група пешаци во германскиот град Куксхавен, западно од Хамбург.

Германската полиција соопшти дека две лица се потешко, а четворица се полесно повредени, и дека 29-годишниот возач од Куксхавен е однесен на сослушување, објави АП.

Полицијата вели дека возачот бил „видно алкохолизиран“.

Инцидентот се случил рано утрово во Куксхавен на брегот на Северно Море.

loading...

Полицијата соопшти дека го привела 29-годишниот возач од тој град, најверојатно со потекло од Сирија, и дека засега не се знае причината за инцидентот, иако постојат индикации дека возачот намерно ги погодил пешаците.

Пред блискиот ноќен клуб, каде што се случил инцидентот, прво дошло до кавга, соопшти полицијата, додавајќи дека е малку веројатна „политичка заднина“ на инцидентот.

loading...

ДИСКУСИЈА

Please enter your comment!
Please enter your name here