Германија: АфД пред Социјалдемократите на последните анкети

0
37
views
Alternative für Deutschland
loading...

Германската партија Алтернатива за Германија АфД за прв пат во историјата е пред Социјалдемократската партија на Германија (СПД) на анкетите. СПД се договори со партијата на Меркел за нова широка владина коалиција.

Анкетата ја спроведе Институтот „Инса“ за германскиот весник „Билд“ и покажува дека АфД има 16 отсто поддршка, што е 1 отсто повеќе од претходното истражување, а СПД има поддршка од 15,5 отсто од граѓаните, што е 1 отсто намалување во однос на претходната анкета.

Партијата на Меркел, Христијанско-демократската унија и нејзината сестринска Христијанско-социјална унија од Баварија ги зајакнаа своите позиции за 2,5 отсто и уживаат поддршка од 32 отсто од населението.

Намалената поддршка за СПД би можело да поттикне нивните членови да го одобрат договорот за нова коалиција со ЦДУ на Меркел, бидејќи одбивање на истиот ќе значи предвремени избори, што не им одговара во овој момент.

СПД на изборите во септември минатата година освои 20,5 отсто од гласовите, што е нивен најлош резултат по Втората светска војна. Тие оттогаш забележуваат пад на поддршката, додека АфД е во постојан раст, откако на изборите имаа 13 отсто.

Loading...