Германците ги претставија дресовите за СП2018 во Русија

0
50
views
loading...

Репрезентациите кои ќе учествуваат на Светското првенство во Русија полека ги откриваат гарнитурите со кои ќе настапат во Русија.

Вчера покрај Португалија, презентација на дресовите имаше и еден од главните фаворити за освојување на првенството, репрезентацијата на Германија.

„Панцирите“ ги претставија гостинските дресови, зелени по боја, традиционално изработени од спортската компанија „Адидас“.

Зелената боја го украсува логото на германскиот фудбалски сојуз ДФБ, затоа традиционално вториот сет за гостински натпревари е во истата боја.

Инаку домашниот дрес Германците го објавија уште пред неколку месеци и веќе со него настапија на пријателската средба против Англија.

Loading...