Галерија: Германија неколку години по Втората светска војна

0
38
views
Германија неколку години по Втората светска војна
loading...

Осум години по Втората светска војна и падот на нацистичкиот режим, германскиот фотограф Јозеф Хајнрих Дархингер тргна на фотографско патување (1952 – 1967 година) низ Западна Германија.

Како што знаеме, бомбите од Втората светска војна ги сведоа повеќето големи германски градови на купчиња рушевини. Сепак, во фотографиите на Дархингер нема баш некои видливи знаци од пропаста на една модерна култура.

Не дека ги манипулирал фотографиите, туку едноставно фотографирал тоа што видел. Галеријава е уште една потврда за трескавичниот економски бум што за кратко време ја крена Германија на нозе, економскиот бум кој светот го нарекуваше „економско чудо“.

Loading...