Фан клубот на Баерн Минхен „Mazedonien 2015“ со голем број активности

0
6
views
Bayern München Fan Klub Mazedonien
loading...

Како што не информира нашиот сограѓанин Кире Андонов од Минхен, основачот на фан клубот на Баерн Минхен „Mazedonien 2015“ веќе овој викенд се реализирала првата од неколкуте планирани акции за одење на натпреварите на Германскиот шампион.

Имено во саботата беше реализирано првото патување на „Алианц Арената“ во Минхен за натпреварот Баерн – Аугсбург а меѓу гледачите се најдоа и осум приврзаници на Германскиот шампион од Македонија.

Следното такво патување е предвидено за натпреварот Баерн – Хановер кој ќе се одигра на 2 декември.

Како што јавува Андонов во план е и организирано одење за натпреварот од Лига на Шампионите Баерн против ПСЖ (05.12.2017) и натпреварот од фудбалскиот Куп на Германија Баерн – Борусија Дортмунд (20.12.2017).

loading...

Bayern München Fan Klub Mazedonien

Инаку во тек е процедурата за отворање на Фан клуб „Mazedonien 2015“ и во Македонија. Членовите на клубот во Македонија веќе од првиот ден во следната година ќе можат да извадат членски книшки. Годишната членарина изнесува 1.000,00 денари а со членските книшки се има попуст и во Фан Шоп продавниците на Баерн и при купувањето на влезни билети.

Основачот на Фан клубот Кире Андонов има желба во Македонија сите навивачи на Баерн Минхен да се обединат и да бидат и членови на клубот бидејќи ако првото патување овој викенд беше организирано за осум навивачи со комбе превоз, следното да биде со еден па и повеќе автобуси.

Андонов упатува голема благодарност до Наум Илески од Крушево, Ѓоре Димитриевски од Велес, Димитар Арсов од Велес, Митко Митев од Кочани, Кире Спирковски од Битола и Дарко Христовски од Скопје кои се доста ангажирани околу реализацијата на идејата да во Македонија се отвори Фан клубот на Баерн од Минхен „Mazedonien 2015“.

Извор: Комарец

loading...

ДИСКУСИЈА

Please enter your comment!
Please enter your name here